Американската водителка Опра Винфри (67), ги одбила Хари и Меган, кои побарале од неа да биде кума на нивната ќерка Лилибет. Таа во изјава за медиумите рече дека била престара за такво нешто.
„Јас сум и сосетка и ние сме пријатели. Верувам дека ќе земат некој помлад за таа улога“, рече Опра која е пријател со Хари и Меган уште од 2018 година, кога добила покана за нивната кралска венчавка.
Опра им кажа на новинарите дека и се допаднало името кое го одбрале Хари и Меган за нивната ќерка и дека ќе им испрати специјален подарок за денот на Татковците.
Опра со Меган и Хари беше во центарот на вниманиет, по интервјуто кое го направија, а во кое поранешната кралска двојка обвини дел од членовите на кралското семејство за расизам.