Опра Винфри даде прва изјава по интервјуто: Кралицата не ја интересираше бојата на кожата на Арчи

Во многу потресно и емотивно телевизиско интервју кај американската водителка Опра Винфри, Меган Маркл и принцот Хари ја раскажаа својата страна од приказната, зошто го напуштија британското кралско семејство

Во двочасовното интервју со Винфри, парот изнесе многу шокантни изјави, кои предизвикаа бурни реакции низ целиот свет.

Опра сега откри дека откако завршило интервјуто, принцот Хари не сакал да открие кој е постариот член на семејството, што дискутирал за бојата на кожата на Арчи, во палатата, но открил дека не станува збор за неговата баба, кралицата Елизабета II, ниту, пак, за неговиот дедо, принцот Филип.

 

„Ниту неговата баба, ниту дедо му не биле вмешани во ова. Тој не ми кажа кој бил дел од тие разговори, но како што гледате, јас се обидов да го добијам тој одговор и пред и зад камерата“, изјави Опра по интервјуто.

Милиони луѓе ширум светот се прашаа кој од кралското семејство е со толку расистички коментари, но Меган и Хари не открија детали, сакајќи да го заштитат идентитетот на членот на семејството. Доколку откријат за кој станува, тоа би нанело многу штета на целото кралско семејство, рекоа тие.

 

http://https://reporter.mk/dzet-set/vido-najlosho-beshe-koga-ne-prashaa-kolku-mozhe-da-e-temna-kozhata-na-archi-hari-i-megan-kaj-opra/

Scroll to Top