Познатата американска новинарка Опра Винфри (70) завршила во болница на инфузија поради дехидрација предизвикана од стомачен вирус, јавуваат американските медиуми.
Таа „се опоравува од стомачен вирус и прими инфузија за дехидрација, како што препорача нејзиниот лекар“, рече нејзиниот претставник за медиуми во изјава дадена за Си-Ен-Ен.
„Таа одмара и се чувствува подобро секој ден“, рече тој.
Винфри претходно и кажа на својата најдобра пријателка, новинарката Гејл Кинг, дека „не може да држи вода во телото за да остане хидрирана“, па морала да побара помош во болница.
Кога таа и рекол дека изгледа „слабо“, Винфри се согласила дека сè уште не е добро, но дека е „на пат“ кон закрепнување.
Таа на својата пријателка и кажала дека и многу луѓе во нејзината куќа „заболеле“ од стомачен вирус и ги потсетила гледачите дека е важно да ги мијат рацете.