Бред Пит и Инес де Рамон првпат официјално како пар на Инстаграм – објавени романтични фотографии од свадбата кај Тејлор Свифт и Тревис Келси

Холивудската ѕвезда Бред Пит и неговата партнерка Инес де Рамон за првпат официјално ја потврдија својата врска на Инстаграм, откако беа објавени романтични фотографии од нивното заедничко појавување на свадбената прослава на Тејлор Свифт и Тревис Келси во Њујорк.

Парот, кој е во врска од 2022 година, позирал во елегантни црни комбинации пред да пристигне на свеченоста во „Медисон Сквер Гарден“.

Бред Пит (62) носел класичен црн костум со машна и црни очила за сонце, додека косата му била стилизирана наназад.

Инес де Рамон (33), која е дизајнерка на накит, блеснала во црн, чипкан фустан што ја истакнувал фигурата. Изгледот го надополнила со висечки обетки, а косата ја носела во високо врзано опавче.

Фотографиите ги објави нивната фризерка Лори Занолети, која се погрижила за фризурите на двајцата. За стајлингот бил задолжен Џорџ Кортинa, а шминката ја изработил Чарли Ридл.

Во описот на фотографиите Занолети напиша:

„Мојот омилен заљубен пар – Инес и Бред – за една неверојатна вечер во Њујорк.“

Инес подоцна ги споделила фотографиите и на својата Instagram Story, поставувајќи ги со песните „Lover“ и „Delicate“ од Тејлор Свифт, дополнувајќи ги со црвено срце. Сепак, досега таа нема објавено фотографија со Бред Пит на својот главен Инстаграм-профил.

Иако нивната врска трае веќе неколку години и, според блиски извори, е многу стабилна, засега нема планови за брак.

„Инес е исклучително блиска со семејството на Бред. Тие ја обожаваат и уште од самиот почеток ја прифатија како дел од семејството“, открил извор близок до двојката.

Сепак, истиот извор додава дека актерот нема намера повторно да стапува во брак.

„Бред нема планови повторно да се жени, иако Инес е многу блиска со неговото семејство.“

Бред Пит го финализираше долготрајниот развод со Анџелина Џоли во декември 2024 година, со што заврши повеќе од осумгодишната правна битка. Двајцата имаат шест деца – Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен.

Од друга страна, Инес де Рамон претходно беше во брак со актерот Пол Весли, познат по серијата „The Vampire Diaries“. Тие се венчаа во 2019 година, а се разделија во 2022 година по повеќе од три години брак.

Scroll to Top