Организаторите на Еми објаснија зошто не го спомнале Пери на доделувањето на наградите

Обожавателите на шоуто „Пријатели“ и покојниот актер Метју Пери беа шокирани што организаторите на Еми не го спомнаа актерот на церемонијата, во делот In Memoriam, кога се сеќаваат на колегите кои починале.

„Дали го пропуштив или не го покажаа Пери на Еми?“, „Ова е страшен превид за организаторите на Еми“, „Сè уште сум тажен поради неговата смрт“, се коментарите на социјалната мрежа Икс.

По многу прозивки, организаторите се огласија и ја објаснија причината поради која славниот актер не беше спомнат на 76-тото доделување на Еми наградите. Тие рекоа дека тој бил споменат и одликуван за време на последната церемонија на доделување награди, која се одржа во јануари, а требаше да се одржи во септември 2023 година, но не беше одржана поради протестите.

За време на последните Еми награди, телевизиската академија и оддаде почит на покојната ѕвезда од серијата „Пријатели“ со емотивна изведба на тематската песна I’ll Be There for You од Чарли Пут. Кога го завршија рефренот, на екранот беше прикажана почит кон Пери, кој почина во октомври на 54-годишна возраст, додека публиката гласно му аплаудираше на актерот кој со својата работа ја одбележа хумористичната серија.

Scroll to Top