Иранскиот филмски режисер и довен добитник на Оскар Ашгар Фархади е обвинет за плагијат за неговиот последен филм „Херој“, Ghahreman.
Тој клучните елементи во филмот ги украл од документарниот филм на студентката Азадех Масихзаде All Winners и ги искористил без нејзино одобрение. Вака одлучи судот во Техеран, откако претходно Азадех го тужела Фархади за плагијат.
Фархади сега не може да се жали, а наскоро треба да се дознае и каква казна ќе добие. Како што пренесуваат тамошните медиуми, режисерот ќе биде принуден да ги предаде сите негови приходи кои ги заработи од проекцијата на неговиот филм и да ѝ ги исплати на студентката како отштета.
Се споменува и затворска казна. Филмот „Херој“, кој премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал во Кан во 2021 година, каде доби награда од жирито, до ден денес има заработено преку 2,5 милиони долари низ кината ширум светот.
Фархади призна дека инспирација добил од документарниот филм на Масихзаде, но не сакал да признае за идејата бидејќи, како што вели, сам ја истражувал приказната.
Дури два играни филмови на Фархади освоија престижни статуетки. „Надер и Симин се разведуваат“ во 2012 година и „Трговец патник“ во 2017 година во категоријата за најдобар странски филм.