Оскаровецот Куба Гудинг Јуниор се спогоди со жена која го обвини за силување

Оскаровецот Куба Гудинг Јуниор се спогоди со жена која го обвини за силување. Тој беше обвинет дека во хотел во Њујорк, во 2013 година силувал жена.

Глумецот тврдеше дека за сите односи кои ги имале, анонимната жена претходно се согласила. Претходно уште неколку жени го обвинија за сексуално злоставување, но само за една призна дека е виновен.

Со оваа спогодба, Куба го избегна судењето за кое се очекуваше да сведочат уште три други жени, кои исто така го обвинија дека ги силувал во периодот од 2009 до 2019 година.

 

Scroll to Top