Откако Деми Мур наводно ја игнорирала Кајли, сега се забележани како разговараат

По непријатната ситуација на Златните глобуси во јануари годинава, кога Деми Мур наводно ја игнорирала Кајли Џенер, странските медиуми јавуваат дека тие двете ги демантирале гласините за наводен конфликт на доделувањето на филмските награди БАФТА.

Watch on TikTok

Кајли присуствуваше на церемонијата за да го поддржи своето момче Тимоти Шаламе, кој беше номиниран за наградата за најдобар актер. Според магазинот Elle, додека таа седела во публиката, ѝ пришла Деми Мур и двете имале краток разговор, со што докажале дека меѓу нив немало несогласувања.