Холивудската актерка Кристина Еплгрејт (49) објави дека откако го победи ракот, таа сега се соочува со нова тешка болест. Таа напиша дека лекарите ѝ дијагностицирале мултипла склероза.
Станува збор за доживотна болест која влијае на мозокот и нервите. Станува збор за доживотна состојба која ги оштетува нервите и го отежнува телото да ги извршува секојдневните работи. Луѓето со оваа болест имаат проблеми со одењето, зборувањето и јадењето.
„Здраво пријатели. Пред неколку месеци ми беше дијагностицирана МС. Ова ќе биде чудно патување. Но, добив толку голема поддршка од вас која ми значи многу. Тешко е, но, како што сите знаеме животот продолжува понатаму”, напиша таа.
„Како што рече една моја пријателка која ја имаше истата болест, сега морам да работам напорно и да ги преземам работите во свои раце. И тоа го правам. Но, ќе ми биде потребна малку приватност, додека миминувам низ сето ова. Ви благодарам на сите“, напиша таа на „Твитер“.
Кристина пед неколку години се избори со ракот на дојка, кој ѝ беше дијагностицран на 36 годишна возраст. И нејзината колешка, актерката Селма Блер, се соочува со истиот овој проблем веќе три години. За целиот тој период и Блер, отворено говори за сопствената борба со оваа состојба.
„Имам МС и е во фаза на влошување. Оневозможена сум. Понекогаш паѓам. Понекогаш ги испуштам работите. Мојата меморија е замаглена. А мојата лева страна бара инструкции од расипан ГПС. Не знам што треба да направам, но, ќе дадам сè од себе во оваа борба. Имав симптоми со години, но, никогаш не ги земав сериозно додека не паднав. Веројатно ја имам оваа неизлечива болест најмалку 15 години“, рече таа тогаш на Инстаграм.