Крис Браун ја претепа својата поранешна девојка Ријана, а сега е повторно дел од скандал.
Крис неодамна е фотографиран како дави за врат една девојка на тераса, додека друга жена се обидува да ја спаси од рацете на пејачот.
Браун ги негираше сите обвиненија на својот инстаграм-профилм тврдејќи дека тоа е само игра.
„Благодарам за големиот публицитет. Добро знаете дека нема да тргнам по тој пат. Нема потреба дури ни да се бранам. Сите околу мене на фотографијата се мои пријатели. Без насилство, крај на приказната“, напиша раперот.