Откако раскина со Пит Дејвидсон, Ким не е подготвена за нова врска

Американската ѕвезда и инфлуенсерка Ким Кардашијан откако раскина со комичарот Пит Дејвидсон рече дека не сака во скоро време да се обврзе и дека не е подготвена за нова врска.

Во понеделникот во емисијата „Во живо со Кели и Рајан“ рече дека сака некое време да биде сама, пред да го направи следниот чекор.

„Едноставно не сум подготвена и не барам ништо во моментов“, рече Ким, која неодамна на гостувањето кај Џејмс Горден рече дека сака да се забавува со научници, биохемичар, лекари, адвокати. „Можам да се замислам во такво друштво“, рече Ким.

„Чувствувам дека морам нешто да направам и да отидам на различни места. Сега што и да направам, ништо не функционира. Можеби треба да одам во болници па да се среќавам лекари. Или да се мешам во друштво на адвокати. Може и научници. Така се замислувам“, рече Ким.

Во разговорот со Кели и Рајан призна дека по таа изјава некои мажи со овие професии ѝ се јавиле, но им рекла дека во моментов не е подготвена за каква било врска. На водителите им објасни и дека не користи апликации како „Тиндер“.

За потсетување, во 2021 година таа се разведе од Кание Вест со кого беше во брак од 2014 година. Заедно ги имаат и ќерките Норт и Чикаго и синовите Сајнт и Псалм.

Тогаш почна да излегува со комичарот Пит Дејвидсон, а годинава објави дека повеќе не се заедно.

 

Scroll to Top