Откако се сврши со своето момче, поп-sвездата Бритни Спирс ги избриша сите профили на социјалните мрежи. Таа рече дека сака да направи пауза за да ја прослави својата свршувачка.
Спирс минатата недела објави дека ќе се омажи за нејзиниот долгогодишен дечко, Сем Ашгари. Сега таа го избриша својот профил на „Инстаграм“, а на фановите на „Твитер“ им рече дека наскоро пак ќе го врати.
Преку социјалните мрежи, Бритни изминатиот период постојано ги известуваше фановите за тоа што се случува во нејзиниот живот, за борбата околу старателството со нејзиниот татко Џејми, кој од неодамна се откажа од истото.
Од 2008 година Џејми беше човекот кој го контролираше нејзиниот личен живот и финансиите, заради нејзиното ментално здравје. Сега тој самиот одлучи да се откаже од истото.