Откриена причината за смртта на глумецот Роби Колтрејн

Шкотскиот глумец Роби Колтрејн почина минатата недела на 73 години, а сега британските служби ја открија и причината за неговата смрт. Починал од повеќекратно затајување на органите, рекоа британските известувачи. Имал сепска, инфекција на долните дишни патишта и срцев застој.

Дијагностициран му бил и дијабетис од типот 2. Колтрејн кој беше познат по улогата на Хагрид во „Хари Потер“, заработи милиони и имаше голем број фанови, но животот не му беше ни приближно ист како на холивудска ѕвезда. Пред да почине

Пред да почине, две децении живеел во изнајмена штала во ридовите западно од индустрискиот дел на Глазгов. Месечната кирија му била илјада фунти. Според пријателите и соседите, пет години бил во инвалидска количка поради остеоартритис и станал затвореник дома.

Минатата година се појави во телевизиски специјал по повод 20-годишнината од првиот филм од франшизата за Хари Потер. Ги шокираше фановите кои не знаеја дека е во инвалидска количка.
Првиот успех во кариерата го имаше во британската крими-драма серија Cracker, а најголемиот во улогата на Хагрид. Поради неговата лоша здравствена состојба, верните фанови на Хари Потер беа длабоко изненадени што актерот се појави на 20-годишнината од првиот филм.
Scroll to Top