Внукот на Роберт Де Ниро, Леандро Родригез почина пред два дена на 19-години. Неговата мајка Дрена објави дека починал откако се предозирал со фентанил, пренесе „Дејли Мејл“. Претходно се емотивна порака се прости од него.
„Мојот прекрасен, сладок ангел. Те сакав повеќе од сè од моментот кога те почувствував во мојот стомак. Ти беше мојата радост, моето срце и сè што беше чисто и реално во мојот живот. Посакувам да бев со тебе во моментов. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да продолжам и да ја ширам љубовта и светлината што ме натера да ги чувствувам кога ти станав мајка. Беше толку сакан и посакувам таа љубов да можеше да те спаси. Многу ми е жал“, напиша Дрена.
Де Ниро по тешката семејна трагедија побара од сите да му дадат приватност на семејството во овие тешки моменти и рече дека е многу вознемирен поради.
„Длабоко сум тажен поради смртта на мојот сакан внук Лео. Многу сме благодарни за сочувството што го добиваме од сите вас. Бараме да ни се даде приватност за да можеме на мир да жалиме за загубата на нашиот Лео“, рече Де Ниро за „Дејли мејл“.
За потсетување, Роберт де Ниро има седум деца, а Дрена е најстарата ќерка. Ја доби со првата сопруга, актерката Дијана Абот. Дрена пак Леандро го доби во бракот со уметникот Карлос Маре.