Откриена причината за смртта на ѕвездата на Нетфликс, Ким Сае-рон

Денот по трагедијата, откриена е причината за смртта на јужнокорејската актерка Ким Сае-рон (24). Според многубројните пишувања на медиумите, актерката си го одзела животот.

„Веруваме дека таа донела екстремна одлука и планираме да го третираме како самоубиство“, соопшти јужнокорејската полиција, според новинската агенција Јонхап. Претходно, во нејзина чест во погребално претпријатие беа положени неколку цветни венци.

Да потсетиме, Ким Сае-рон беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во населбата Сеонгсу-донг во Сеул. Телото на актерката го пронашла нејзината пријателка во неделата наутро. Според полицијата, не се работи за насилна смрт.

Ким Серон е родена на 31 јули 2000 година во Сеул. Таа се прослави како дете актерка и важеше за една од најперспективните млади ѕвезди во јужнокорејската филмска индустрија.

Таа се прослави по улогата во филмот A Brand New Life (2009), кој ја однесе и на Канскиот филмски фестивал.

Scroll to Top