Откриени детали за раскошната свадба на Венус Вилијамс: над 155 скали до церемонијата

Познатата тенисерка Венус Вилијамс (45) се мажи за Италијанецот Андреа Прети (37). Веста за нејзината свршувачка ја потврди пред неколку месеци по тениски натпревар што го одигра, иако долго време се шпекулираше.

Сега се појавија детали за раскошната церемонија што ќе се одржи на островот Искија.

Исто така, познато е дека нејзината сестра, како и целиот тим за планирање на свадбата, веќе пристигнале на островот.

Венус знаела минатата година дека ќе се мажи на овој остров бидејќи се заљубила во него на прв поглед.

Свадбата ќе се одржи на светилникот Пунта Императоре, кој се наоѓа на ‘рт над морето и е едно од најживописните места во целиот Неаполски Залив, со прекрасен поглед на морето, а до него може да се стигне само пеш преку патека со 155 скали, објавува италијанскиот „Ил Матино“.

По свадбената церемонија, планирана е прослава во ресторанот „Лисола“, кој минатата година го отворија готвачот Нино Ди Костанцо и пица-мајсторот Ивано Веча.

Ресторанот ќе биде обезбеден за таа пригода со бројни чувари за да се заштити приватноста на младенците и нивните гости. Списокот на гости е сè уште строго чувана тајна, иако со денови се шпекулира за доаѓањето на разни познати личности од светот на спортот и забавата во Искија.

фото: принтскрин

Scroll to Top