По гламурозната вечера во чест на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, омилениот пар на британското кралско семејство го искористи моментот за себе.
На официјалниот Инстаграм профил на Кејт и Вилијам беше објавена фотографија на која вљубените шетаат држејќи се за раце.
Сцената предизвика големо внимание, со оглед на тоа што вакви моменти не се гледаат често кај кралскиот пар.
За свечената вечера, Кејт избра фустан-капут изработен од златна чипка, кој го носи потписот на модната дизајнерка Филипа Лепли.
Таа ја носеше тиарата „”Lover’s Knot“, за која се верува дека првично припаѓала на династијата Романови. Исто така, забележливи беа едноставните обетки што ѝ припаѓале на кралицата Елизабета II.
Што се однесува до принцот Вилијам, тој носеше свечена униформа со воени одликувања.
фото: принтскрин