Поранешната глумица и Плејбој зајачица Памела Андерсон ќе се мажи за францускиот фудбалски репрезентативец Адил Рами, пишува USA Today. Додека го гледаше полуфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Белгија, 51-годишната Памела беше сликана на трибините на стадионот „Лужники“ во Русија со голем свршенички прстен на раката. Таа во недела ќе биде на трибините и кога Франција ќе игра против Хрватска во финалето на Мундијалот.
Глумицата најпозната по улогата во серијата „Чувари на плажата“ се запозна со 19 години помладиот Рами на филмски фестивал во Кан во 2017 година. Таа неодамна се пресели во неговиот дом во Марсеј.