Парите кои ги доби од неговата бивша сопруга Амбер Херд на суд, Џони Деп ги подели на хуманитарни организации. Двајцата се појавија на судењето кое беше јавно проследено. Деп поднесе тужба и ја обвини за клевета Херд за текстот кој го напишала во „Вашингтон пост“, во декември 2018 година.
Таа во текстот се опиша себе си како жртва на семејно насилство. Амбер поднесе противтужба барајќи од Деп 100 милиони долари. На крајот судијата пресуди Амбер да му исплати на Деп 10 милиони долари, а тој на неа два милиони. Адвокатите на крајот постигнаа договор, осигурувањето на Херд да му исплати на Деп милион долари и така да заврши целиот случај, пренесе „Дејли Мејл“.
Парите кои Деп ги доби од Амбер ги подели на пет дела и ги подели на пет хуманитарни организации по 200.000 долари. Make a Film е една од нив со која Деп соработуваше. Таа ги организира настани во кои тешко болните деца и запознава со нивните омилени глумци и други јавни личности.
Другиот дел од парите ги подели на The Painted Turtle, организација која ја основаше Пол Њуман, а која на децата со хронични и тешки заболувања им овозможува кампување. Една од организациите кои исто така ќе добие пари е Red Feather, која работи со домородни заедници на создавање на стамбени решенија.
Еуште една тура од 200.000 долари заврши во непрофитната организација на Марлон Брандо, која ги финансира истражувањата и образовните програми за локалните школи како што се Amazonia Fund Alliance-u.