Познатиот бразилски и светски познат писател Паоло Коељо на својот Твитер профил напиша дека настаните во Украина се злоупотребуваат за да се оправда русофобијата.
„Украинската криза е соодветно оправдување за русофобија“, напиша Коељо.
Ukraine crisis a convenient excuse for Russophobia
— Paulo Coelho (@paulocoelho) March 11, 2022
Писателот изјави дека обичните луѓе не треба да се обвинуваат за она што се случува меѓу државите.
„Бев во Лавов, Киев, Одеса, Јалта, Чернобил (Украина). Патував 10.000 километри со воз од Москва до Владивосток (Русија). Да, се случува војна: но не ги обвинувајте обичните луѓе“, напиша Паоло Коелјо.