Пејачот Ар Кели осуден на 30 години затвор за сексуална злоупотреба

By

Американскиот пејач и текстописец Ар Кели (55) е осуден на 30 години затвор во њујоршкиот суд затоа што ја искористил својата медиумска популарност и слава да изложува млади обожавателки, вклучително и голем број девојчиња, на систематска сексуална злоупотреба.

dobivaj vesti na viber

Музичарот лани беше осуден за рекет и секс-трговија, а на судењето жртвите првпат имаа можност да проговорат, затоа што претходно биле игнорирани само затоа што се Афроамериканци, пренесува АП.

Судијката Ен Донели го осуди Кели откако ги слушна сведочењата на неколку жени кои сведочеа дека злоупотребата на музичарот оставила длабоки траги во нивните животи.

„Ме принудаше да правам работи што ми го скршија духот. Буквално сакав да умрам колку што се чувствував безвредно. Се сеќаваш ли на тоа?“, праша директно една од жртвите на злоупотреба, обраќајќи му се на Кели, која седеше со скрстени раце и со спуштени очи.

Оваа реченица го означи крајот на популарноста на Ар Кели, човекот кој продаде милиони албуми, кој го обожаваа милиони фанови дури и откако во јавноста почнаа да кружат обвинувања за неговото насилно однесување кон младите девојки во раните 1990ти години.

Негов најголем хит е I Believe I Can Fly.

Ќе ви се допадне