Пејачот на групата Рајмштајн е обвинет за сексуално злоставување

Пејачот на групата Рајмштајн, Тил Линдеман е обвинет за сексуална злоупотреба од неколку жени, објавија деновиве државната телевизија NDR и дневниот весник Suddeutsche Zeitung. Oсомничен e дека избрал група девојки од првите редови на концерт и дека сексуално gi злоставувал на забава потоа.

Една од жените го обвинила фронтменот на Рајмштајн, дека се обидел да ја принуди на сексуален однос.  Шелби Лин од Ирска отпатувала на концерт во главниот град на Литванија, Вилнус, каде што бендот ја започнал својата европска турнеја оваа огдина.

Таму била поканета на забава пред концертот, каде го запознала пејачот Тил Линдеман. Рече дека сакал да има секс со неа, а кога го одбила реагирал агресивно.

Покрај тоа, Лин се сомневала дека ѝ дале некаква дрога, како што се „нокаут капки“, бидејќи вели дека испила само два алкохолни пијалаци и еден „шот“ текила, а не се сеќава на ништо што се случило после тоа. Кога подоцна се разбудила во хотелот, почувствувала болка и мачнина, а по целото тело имала модрици. На социјалните мрежи објавила фотографии од повредите и тврдела дека поднела кривична пријава.

Пејачот Линдеман сè уште не се огласил по тој повод, но бендот на својот „Твитер“ профил ги отфрлил обвинувањата: „Такво нешто се нема случено во наша близина, а не ни е познато ни дека властите водат истрага“, објавиле од бендот.

За случајот се огласи и германската министерка за семејство Лиза Паус. Таа за „АФП“ рече дека особено младите мора да бидат подобро заштитени од агресија.

Предложи на концертите да се воведат заштитни зони за жените и тимови кои би можеле да интервенираат во случај на сексуална злоупотреба. За заштитните мерки треба да се разговара „брзо и конкретно“, побара министерот, истакнувајќи дека би било „корисно да се води сериозна дискусија за одговорноста на уметниците и организаторите кон посетителите на концертот“.

Во друга истрага предводена од неделникот Die Welt, опишан е цел систем на пејачот во кој девојките од првиот ред прво ги снимале и фотографирале за да може тој потоа да ги избере оние што му се допаѓаат.

За потсетување неделава на Олимпискиот стадион во Минхен треба да се одржат четири концерти, каде што нема да има први редови пред бината од која пејачката избирала девојки.

Рамштајн, кој е основан во 1994 година во наредните недели треба да одржи концерти во Франција, Италија, Швајцарија, Шведска, Белгија, Холандија, Полска и Австрија.

Scroll to Top