„Пет часа викав на цел глас да ме најде некој во џунглата“: актерката Ешли Џад имаше незгода во Африка

Американската глумица Ешли Џад, која неодамна беше во Конго, за малку ќе ја загубеше едната нога на своето патување. Додека била сама во џунглата, Ешли паднала и си ја скршила ногата, а потоа поминале речиси 55 часа додека да стигне на операција. Глумицата сега се чувствува добро, ногата ѝ заздравува, а својата приказна ја раскажа во онлајн-интервју за „Њујорк тајмс“.

„Несреќи се случуваат. Пред мене на патот имаше паднато дрво, но не го видов, се сопнав и паднав. Знаев дека ја скршив ногата, почувствував како се крши. Потоа поминаа 55 часа додека да стигнам на операција. Првите пет часа бев сама и викав на цел глас, барав помош. Кога ме најдоа, со мотор ме одведоа до најблиското село, каде што ми ја наместија ногата, а јас со рацете го држев скршениот дел да не се откачи. Ноќта ја минав во колиба, а потоа ме одвезоа во главниот град Киншаса со мал авион. Таа остана таму 24 часа и на крајот ме префрлија во Јужна Африка, каде што ме оперираа. Имав среќа и привилегија да ме оперираат. Повеќето луѓе што ги знам во Африка ја немаат таа привилегија да добијат медицинска помош кога им е потребна“, рекла Ешли во интервјуто.

Инаку, Ешли веќе неколку години по ред оди во Африка за да ја зголеми свесноста за сиромаштијата и гладот на овој континент, а се залага и за правата на животните, особено на загрозените видови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicholas Kristof (@nickkristof)

Scroll to Top