Петра Еклстоун ќе се мажи со Сем Палмер, не ја откриваат локацијата затоа што се плашат бившиот да не ѝ упадне на венчавката

Денес во Лондон ќе се венчаат Сем Палмер и Петра Еклстоун, ќерката на поранешната хрватска манекенка Славица Еклстоун и британскиот бизнисмен и еден од водечките луѓе во Формула 1, Берни Еклстоун. Тие не сакаат да го откријат местото на венчавката поради бившиот.

Првиот брак на Петра со претприемачот Џејмс Стунтом заврши во 2017 година и остави длабоки последици, а Петра и Сем сега се плашат дека тој би можел да се појави и да направи скандал, пренесоа медиумите.

„Сите невести се нервозни пред свадбата, но Петра е исплашена поради Џејмс. Иако не се заедно од 2017 година, нивниот развод остави последици, па нејзиниот страв е оправдан“, откри извор.
Гостите до последен момент ги чекале информациите за тоа каде ќе биде точната локација. Дури и таткото на Петра, Берни, ги немал сите детали.

„Не знам ништо. Немам никакви инфорамции. Само знам дека треба да бидам таму овој викенд и чекам Петра да ми се јави и да ми каже“, признал Еклстоун.

Британските папараци поминале неколку дена и ноќи пред нејзиниот дом кој бил украсен со раскошни предмети. Палатата која е вредна 170 милиони фунти била украсена со разни гроздови цветни аранжмани, огромни златни рамки за слики, па дури и вистински дрвја биле ставени во нејзиниот дом за да направат местото да изгледа идеално. Еклстоун рече дека со нетрпение ја очекува свадбата иако не го познава добро Палмер.

„Се надевам дека ќе биде посреќна отколку што беше во последниот брак. Јас секако ќе дојдам на свадба, но нема да држам говор бидејќи само коментирам. И мојот коментар за нејзиниот иден брак е дека мислам дека избра добар маж. Јас самиот не го познавам добро бидејќи живеат во САД и не ги гледам често. Сум го сретнал неколку пати и ми се допаѓа. Се надевам дека ќе го запознаам малку подобро“, рече Еклстоун.

 

Scroll to Top