Хамдан бин Мохамед ал Мактум
Крунисаниот принц од Дубаи е љубител на адреналински активности како што се падобранство, нуркање, тркање со брзи спортски автомобили или, пак, јавање камили. Од друга страна, има многу романтична душа, а под псевдонимот Фаза објавува поезија.
35-годишниот принц е син на шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, а се школувал на престижните школи ширум светот, вклучувајќи го и Обединетото Кралство. Води возбудлив живот, кој редовно го бележи на својот инстаграм-профил, а кој го следат повеќе од 6 милиони обожаватели.
Принцот Филипoс од Грција
Филипос е најмладиот син на последниот грчки крал Констатин II, со оглед на тоа дека Грција ја укина монархијата во 1974 година, а неговата титула доаѓа без посебни привилегии. И покрај тоа, многумина го сметаат за еден од најпосакуваните принцови. Се образувал на престижниот Универзитет „Џорџтаун“ во Вашингтон, а денеска работи како инвестициски менаџер во Њујорк. Има 32 години и многумина веруваат дека сега е вистинското време да се среди.
Принцот Себастијен Хенри Мари Гијом
Принцот од Луксембург е најмладиот од петте деца на Хенри, големиот војвода од Луксембург, и Марија Тереса. Се школувал во институции ширум светот, а завршил на престижната Кралска воена академија „Сендхрст“. Има повеќе хобија како што се планинарање, скијање, пливање и играње рагби.
Принцот Хусеин бин Абдулах од Јордан
Принцот од Јордан е најстариот син на кралот Абдулах II и кралицата Раније. Иако има само 23 години, често се става на списокот на најпосакуваните светски принцови. Завршил на Кралската воена академија „Сендхрст“, како и на Универзитетот „Џорџтаун“, а сега е поручник во војската во Јордан.
Искусен дипломат кој пред Советот на Обединети нации зборувал за методите и спречувањето на младите да се приклучат во екстремистичките групи. Во слободно време свири гитара, игра фудбал и обожава да вози мотор. Своите деловни и приватни авантури ги објавува на профилот на „Инстаграм“, каде што го следат повеќе од милион обожаватели ширум светот.
Принцот Вензеслаус од Лихтенштајн
Принцот од Лихтенштајн е желба за голем број дами од кралските дворци ширум светот. Иако се наоѓа во четвртата деценија од својот живот, сè уште не е подготвен да се жени. Познат е по врската со Адријана Лима, а често се наоѓа на страниците на таблоидите.