Пике ја изневерил Шакира со мис Бум бум: Тој прв ми пиша, тврди Сузи Кортез

Сузи Кортез е причината за разделбата на пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике, која во јавноста открила пикантни детали од аферата. Таа изјавила дека Пике прв ѝ се јавил, а бројот го добила од поранешната претседателка на Барселона, Сандра Росела. Сузи откри дека единствени што не ја контактирале се Меси и Кутињо, па ликот на славниот фудбалер го истетовирала на долниот дел на стомакот и на грбот.

„Тие се одлични сопрузи и ги почитуваат своите сопруги. Шакира не го заслужи ова“, изјавила Сузи Кортез за „Ел Дијарио“.

Сузи е модел на „Инстаграм“, фитнес-тренер и снима содржини за „Онли фанс“, а на „Инстаграм“ ја следат нешто повеќе од 20.000 луѓе. Таа стана мис Бум бум во родниот Бразил во 2015 година, а титулата што ја носи е најдобар задник во државата.










		
		
			
Scroll to Top