Американската пејачка Пинк мораше да го откаже претстојното шоу во Швајцарија поради нарушено здравје. Таа требаше да настапи на стадионот Ванкдорф во Берн како дел од нејзината турнеја.
„Многу ми е жал што морав да го откажам шоуто“, ја започна својата објава Пинк.
„Правам се за да настапувам за вас секоја вечер, но по консултација со докторот и разгледување на сите опции, ми рекоа дека не можам да го одржам овој концерт“, напиша таа и нагласи дека на сите ќе им бидат вратени парите за билетите.
„Ви испраќам на сите љубов и здравје и навистина се надевам дека ќе се видиме наскоро повторно“.
Фановите, иако малку разочарани, и посакаа брзо закрепнување. Пејачката и нејзиниот тим се уште не и откриле на јавноста каков е здравствениот проблем.
За потсетување, Пинк ја започна својата осма турнеја наречена Летен карневал во јуни 2023 година и треба да трае до ноември оваа година.