Пирс Броснан првпат во улога на суперхерој

Пирс Броснан ја има својата прва улога како суперхерој. Имено, актерот ќе ја толкува улогата на д-р Фејт (Судбина) во  филмот „Црниот Адам“, на продукциските куќи „ДЦ“ и „Њу лајн“ – филм со Двејн Џонсон во насловната улога.

Ликот кој ќе го игра Броснан, Д-р Фејт, со алтер-его Кент Нелсон, е основач на „Друштвото на праведните“ кој добива супермоќи преку „волшебниот шлем на судбината“.

Другите улоги ќе ги глумат: Алдис Хоџ (како Хокман), Ноа Сентинео (Атом Смашер), Квинтеса Свиндел (Сајклон) и други.

Филмот „Црниот Адам“ е во режија на Жом Колет-Сера. Додека, пак, Рори Хајнс и Сохраб Ноширвани го напишаа последниот нацрт на сценариото, а Адам го напиша првичното сценарио.

Последно што излезе од поранешниот агент Џејмс Бонд, кој сега ќе стане супер херој, беше комедијата „Евровизија“ на Вил Ферел, којашто излезе лани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by therock (@therock)

Scroll to Top