Дечкото на Ким Кардашијан, комичарот Пит Дејвидсон, наскоро ќе има свое шоу на „Нетфликс“ во кое ќе ги изнесе сите детали во врската со американската старлета и нејзиниот бивш сопруг, американскиот рапер Канје Вест. Шоуто треба да излезе на 13 јуни.
Тој рече дека ќе го напушти сегашната хумористична серија, Satyrday Night Live, во која мина повеќе од седум сезони. Се очекува да го напушти пред 48 сезона, а неговото последно појавување ќе се случи викендод, со водителката Нашата Лион, пренесе Daily Mail.
Тој сега снима специјал во кое може да открие интересни детали од неговиот приватен живот со Ким. Тој не беше многу познат за време на снимањето на хумористичното шоу на NBC, но славата наеднаш му порасна по врската со Кардашијан.
Минатата година се најде на голем број на насловни страни на светски познати магазини заедно со Ким, а исто така се прослави и со кавгата на социјалните мрежи со Канје. Покрај шоуто на „Нетфликс“, Пит работи и на телевизиска емисија Bupkis, која треба да ја раскаже суровата, непоколеблива и измислена верзија на неговиот реален живот.
За потсетување, Дејвидсон се приклучи на SNL во 2014 година на 20-годишна возраст. Иако не потврди кои се неговите следни планови, негови пријатели велат дека целата енергија ја насочил кон филмската и телевизиската сцена.