По 22 години се тресе бракот на Синди Крафорд

By

По 22 години се тресе бракот на Синди Крафорд, пренесуваат светските медиуми. Супермоделот од деведесеттите години наскоро би можела да се разведе од нејзиниот сопруг Ранде Гербер, сопственик на компанија за текила и голем дистрибутивен синџир.

Како што пишува магазинот Life&Style, двојката од неодамна ја ставила на продажба нивната семејна вила во Бевели Хилс. Извор близок до популарната двојка изјавил дека тоа е знак за нивните напнати односи и дека веќе размислуваат за тоа да почнат да живеат одвоено.

„Долго време целото нивно внимание беше насочено кон децата. 18-годишната Каи Гербер и 20-годишниот син Пресли. Но, сега кога се пораснати, им станува јасно колку малку заеднички работи тие имаат. Дури и за време на карантинот Ранде повеќе време поминуваше со својот стар пријател Џорџ Клуни, отколку со Синди“, открива изворот.

Тој изјавил дека Ранде повеќе не ја вика Синди и нивните дружења и дека таа сега седи сама  дома, додека тој се враќа во раните утрински часови. Тој објаснува дека по одморот во Мексико, ќе се знае судбината за нив двајца.

„Во Мексико тие треба да одлучат дали ќе ја средат својата врска или ќе одлучат да го прекинат бракот. Се надевам дека ќе успеат да ги надминат сите проблеми“, открил изворот.

 

Ќе ви се допадне

Our Last Crusade or the Rise of a New World (https://crunchyrollfree.com/m/lBBK) Episode 12 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll 30 day trial

Watch The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 25 at Funimation funimation dub