По повеќе од 40 години, режисерот Тим Бартон одлучи да ја прекине соработката со Дизни. Бартон, кој почна да работи во познатото студио како аниматор веднаш по завршување колеџ, рече дека нема интерес да работи со Дизни по ужасно големиот циркус во кој се нашол додека го снимал римејкот на Дамбо во 2019 година.
„Почнав таму. Неколку пати во кариерата бев ангажиран и отпуштен. Работата со Дамбо е што мислам дека моите денови со Дизни завршија. Сфатив дека јас сум Дамбо, работев во овој ужасен голем циркус и морав да избегам. Тој филм е прилично автобиографски на одредено ниво“, рече тој.
Познатиот режисер исто така критикуваше како Дизни се оддалечил од помалите проекти во корист на своите франшизи на Марвел, Пиксар и Војна на ѕвездите.
Тој има снимено неколку филмови со Дизни, меѓу кои „Кошмарот пред Божиќ“, „Џејмс и џиновската праска“, „Алиса во земјата на чудата“ и „Дамбо“.