По Анџелина Џоли, и Кара Делавињ била сексуално вознемирена од најмоќниот човек во Холивуд

Продуцентот Харви Вајнштајн, кој важи за еден од најмоќните луѓе во Холивуд, се најде во големи проблеми кога многубројни познати актерки го обвинија за сексуално вознемирување. По Анџелина Џоли и Гвинет Палтроу, душата си ја отвори и манекенката Кара Делавињ, која исто така наведе дека со него имала голема непријатност.

Британската убавица се огласи на „Инстаграм“ и ја почна својата приказна за Вајнштајн.

„Кога првпат почнав како актерка, работев на еден филм, а потоа добив повик од Харви Вајнштајн, кој ме праша дали сум спиела со жените со кои бев видена во медиумите. Беше многу чуден и непријатен разговор. Не му одговорив на ниту едно од неговите прашања и бргу го завршив разговорот, но пред да прекинам тој ми рече дека ако сум геј или ако одлучам да бидам со жена, особено во јавност, дека никогаш нема да добијам улога на стрејт-жена и дека нема да успеам како глумица во Холивуд“, напиша Кара и додаде:

„Една или две години подоцна, бев на состанок со него во предворјето на еден хотел, заедно со режисерот на филмот што требаше да го снимам. Режисерот го напушти состанокот и Харви ме праша дали сакам да останам да поразговарам со него. Кога се повлековме насамо, тој почна да се фали со сите актерки со кои има спиено и како им направил кариера, а говореше и за други непријатни работи од сексуална природа. Тогаш ме повика во собата. Бргу го одбив неговиот повик и ја прашав неговата асистентка дали автомобилот ми е надвор. Ми рече дека не е и дека бргу нема ни да биде, а потоа додаде дека треба да влезам во неговата соба. Во тој момент се чувствував немоќно и уплашено, но не сакав да реагирам толку нападно со цел на крајот да не излезе дека грешам за целата ситуација“, наведе успешната манекенка и продолжи:

„Кога дојдов, ми беше полесно затоа што видов и друга жена во неговата соба и веднаш помислив дека сум безбедна. Бараше од нас да се бакнеме и таа почна некако да работи по неговите упатства. Бргу станав и го прашав дали знае дека умеам и да пеам. И почнав да пеам. Мислев дека на тој начин ќе ја поправам ситуацијата. Бев нервозна. По пеењето, реков дека повторно морам да си заминам. Ме испрати до вратата и застана пред неа и се обиде да ме бакне во устата. Го спречив и успеав некако да избегам од собата. Сепак, ја добив улогата во филмот и секогаш мислев дека ми ја даде поради сето тоа што се случи. Од тогаш се чувствував ужасно што го снимив тој филм. Се чувствував како да ја немам заслужено таа улога. Толку се двоумев дали да проговорам за тоа. Не сакав да го повредам моето семејство. Се чувствував виновна како да направив нешто лошо. Бев исплашена поради тоа што ваква работа може да им се случи на многу други жени што ги знам, но ниту една од девојките ништо не проговорила поради тоа што сите беа исплашени.

Видете ја оригиналната порака што Кара Делавињ ја остави на „Инстаграм“:

 

When I first started to work as an actress, i was working on a film and I received a call from‎ Harvey Weinstein asking if I had slept with any of the women I was seen out with in the media. It was a very odd and uncomfortable call….i answered none of his questions and hurried off the phone but before I hung up, he said to me that If I was gay or decided to be with a woman especially in public that I’d never get the role of a straight woman or make it as an actress in Hollywood. A year or two later, I went to a meeting with him in the lobby of a hotel with a director about an upcoming film. The director left the meeting and Harvey asked me to stay and chat with him. As soon as we were alone he began to brag about all the actresses he had slept with and how he had made their careers and spoke about other inappropriate things of a sexual nature. He then invited me to his room. I quickly declined and asked his assistant if my car was outside. She said it wasn’t and wouldn’t be for a bit and I should go to his room. At that moment I felt very powerless and scared but didn’t want to act that way hoping that I was wrong about the situation. When I arrived I was relieved to find another woman in his room and thought immediately I was safe. He asked us to kiss and she began some sort of advances upon his direction. I swiftly got up and asked him if he knew that I could sing. And I began to sing….i thought it would make the situation better….more professional….like an audition….i was so nervous. After singing I said again that I had to leave. He walked me to the door and stood in front of it and tried to kiss me on the lips. I stopped him and managed to get out of the room. I still got the part for the film and always thought that he gave it to me because of what happened. Since then I felt awful that I did the movie. I felt like I didn’t deserve the part. I was so hesitant about speaking out….I didn’t want to hurt his family. I felt guilty as if I did something wrong. I was also terrified that this sort of thing had happened to so many women I know but no one had said anything because of fear.

A post shared by Cara Delevingne (@caradelevingne) on

Scroll to Top