По борбата со тешката болест, Кејт Мидлтон ќе биде домаќин на познатиот божиќен концерт

„Заедно на Божиќ“ е името на традиционалниот божиќен концерт што ќе го организира Кејт Мидлтон на 6 декември. Овој настан има посебно значење за кралското семејство бидејќи нејзиното учество и клучна улога го потврдуваат успешното завршување на повеќемесечниот третман.

Тоа ќе биде првиот официјален ангажман на принцезата од Велс откако на почетокот на годината и беше дијагностициран рак. Во септември го заврши лекувањето, а сега се враќа на јавните обврски.

Се очекува Кејт и оваа година на концертот во Вестминстерската опатија да биде поддржана од членовите на нејзиното најтесно семејство – принцот Вилијам, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, кои првпат присуствуваа на овој настан минатата година.

Темите на церемонијата се љубовта, емпатијата и пораката дека „луѓето се потребни едни на други, особено во најтешките моменти од животот“.

Scroll to Top