По четири години врска раскинаа Леонардо ди Каприо и Камила Мороне. Ова за People го откри извор близок до нив, но не ја откри причината за разделбата.
Ди Каприо и Морон последен пат се видени заедно во јавност на 4 јули, кога се шетаа на плажа во Малибу во Калифорнија. Медиумите пренесоа дека напнатоста во врската почнала уште пред два месеци. Во мај папараците исто ги снимија додека се расправале на плажа.
Засега не е познато кој на кого му раскинал, а Леонардо ова лето беше сам без Камила на јахта во Сент Тропе. За потсетување, двајцата почнаа да се гледаат од 2017 година, кога таа имаше 20 години. За глумецот е познато и дека досега ги има оставено сите девојки кои наполниле 25 години. Таков беше случајот и сега, откако неодамна Мороне го прослави 25 роденден.
Претходно Ди Каприо беше со Џизел Бундхен, Бар Рафаели, Блејк Лајвли, Ерин Хетертон, Тони Гарн, Кели Рорбак и Бриџет Хол.