По една година врска, Адел и новиот дечко купија луксузна вила

Адел и нејзиното момче Рич Пол почнаа да живеат заедно. Парот се фотогрфира пред нивниот нов дом со клуч во раката. Адел на фотографиите што ги објави на социјалните мрежи напиша: „Времето лета“.

Парот ја откупил поранешната вила на Силвестер Сталоне на Беверли Хилс за 58 милиони долари во јануари откога ѕвездата на Роки речиси ја преполови својата првична барана цена од 110 милиони долари. Домот има два ката со голем обвиен балкон на најгорното ниво, а долу покриена тераса со украсни столбови и осветление.

Рич и Адел се една година во врска. Помеѓу фотографиите објавени на социјалните мрежи има и една роматична, на која тој ја бакнува.

Двојката има имот од 65 милиони долари, со куќи во Лос Анџелес и Лондон. Адел претходно живееше со сопругот Сајмон Конецки, со кој го има деветгодишниот син Анџело. Поранешната брачна двојка се венча во 2018 година, а ѕвездата поднесе барање за развод една година подоцна. Набргу по нивното разделување, беше откриено дека Сајмон се преселил во Беверли Хилс во вила вредна 10,5 милиони фунти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Scroll to Top