Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо го сруши рекордот и стана најследена личност на „Инстаграм“. Играчот на Манчестер jунајтед на социјалната мрежа го следат 500 милиони пријатели.
Неговиот колега, Аргентинецот Лионел Меси има 124 милиони помалку, односно 376 милиони вкупно. На третото место се наоѓа реалната ѕвезда Кајли Џенер со 372 милиони пријатели.
Бројката на пријатели на Роналдо се зголеми по легендарната фотографија со Меси на која играат шах на куфер. За потсетување, фудбалерот на „Инстаграм“ заработува голема сума на пари. Според некои проценки, заработува околу 2,3 милиони долари по спонзорирана објава.