По хаосот со Кејт, Џони Деп наседна со фотошопирана фотографија и ги насмеа фановите

По виралната фотографија на Кејт Мидлтон и хаосот што го предизвика поради фотошопираните детали, актерот Џони Деп предизвика реакции кај фановите со фотошопирана фотографија.

Деп сакаше да му честита на својот пријател Роберт Дауни Џуниор на Оскарите, па на Инстаграм сподели фотографија на која позираат заедно. Меѓутоа, фановите брзо забележаа дека се работи за лажна, фотошопирана фотографија која со години кружи на интернет.

Имено, на оригиналната фотографија од 1988 година, Роберт Дауни Џуниор позира со неговата тогашна девојка Сара Џесика Паркер.

 

Откако обожавателите го предупредија дека фотографијата е фотошопирана, Деп брзо ја избриша објавата.

Scroll to Top