По ќерка му и бившата на Чарли Шин се најде на порно сајт

Ќерката на Чарли Шин, деветнаесетгодишната Семи веќе некое време објавува провокативни фотографии на сајтот за возрасни Onlifens, а од неодамна ѝ се придружи и мајка ѝ, популарната глумица Дениз Ричардс. Најави и дека планира да снима провокативни видеа со ќерка ѝ, нешто што го потврди и Семи.

„Како што знаете, наскоро ќе снимам со мајка ми. Доколку стапите во контакт, ќе се погрижам да ви испратам посебно и слатко видео од двете“, напиша Семи на „Инстаграм“, каде ја следат 100.000 фанови.

На глумецот не му се допаѓа идејата Семи да биде на сајт за возрасни, а особено го вознемирила нејзина последна фотографија која се нашла и на „Твитер“. Семи позираше во проѕирно боди и рече дека ова била нејзината најжешка фотографија која ја објавила на сајтот.

Иако има само 19 години, за себе вели дека е сексуална работничка. Чарли рече дека е шокиран од одлуката двете да снимаат заедно, а извор близок до него рече дека за сè ја криви Дениз која требало да ѝ биде пример.

 

 

 

Scroll to Top