По кучето, понито и магарето, Арнолд Шварценегер вдоми и прасе. Со новиот миленик Шнели се пофали на социјалните мрежи. Глумецот и поранешниот гувернер на Калифорнија е голем љубител на животни, а фановите му напишаа дека домот си го претворил во Зоолошка градина.
„Семејството расте. Запознајте го Шнели“, рече Шварценегер и објави фотографија од своите миленици.
„Шнели на германски значи брз. Кога стинга ја помина целата куќа и имот. Беше невозможно да го фатам, па затоа решив да го крстам Шнели“, рече Шварценегер во интервју за „Фокс 11“.
The family is growing. Meet Schnelly. 🐷 pic.twitter.com/tBljlkhBLo
— Arnold (@Schwarzenegger) April 28, 2023
„Еден сосема обичен ден во кој Терминатор ја држи свињата и кучето во скут. Совршено. Честитки“, му напишаа фановите на „Твитер“. Видеото беше видено речиси осум милиони пати.
„Шварценегер на социјалните мрежи често споделува смешни моменти од своите миленици. Арнолд има неколку видеа како ги храни, а понекогаш ги носи и на деловни состаноци.