Пејачката Шакира се исели од Барселона откриваат блиски пријатели. Ќе се пресели кај нејзиното семејство во Мајами, а со себе ќе ги земе и синовите Милан и Саша над кои доби старателство. Пријателите откриваат дека планот ѝ бил уште од минатата година по разводот со Пике.
Причината за преселбата е влошената здравствена состојба на татко ѝ Вилијам Мубарак кој доживеа незгода минатата година. Иако планот бил селидбата да се случи по завршување на школската година, сепак Шакира не сака да чека до тогаш и сака да се преслат на 1 април.
„Она што го знаеме е датумот на 1 април. Ако работите одат по планот тогаш треба да се пресели“, рече Лора Фа, една од новинарките која редовно известува за колумбиската пејачка, пренесе „Дејли Мејл“.
„Информациите ги добиваме од најблискиот круг луѓе на пејачката. Единствена пречка би било здравјето на татко ѝ за кого се знае дека состојбата му е комплицирана“, додаде нејзината колешка Лорена Васкез.
„Идејата на Шакира е да ги искористи празниците во САД, за да може потоа нејзините деца да продолжат со наставата таму“, додадоа тие.
За потсетување, татко ѝ на Шакира беше хоспитализиран во Барселона, откако минатата година падна. Состојбата му е комплицирана и не може да патува со авион, освен ако не е целосно медицински опремен.
„Засега нема да го поместуваат и ќе остане во Барселона. Заедно ги минаа божиќните празници, а откако е пуштен од приватниот Tekno Medical центар во ноември, го сместија во дом во кој го гледаат 24 часа“, рекоа Лорен и Лора.