По секс-злоупотребите во Холивид, конечно прозборе и поранешната сопруга на Вајнстин

Георгина Чепмен, поранешната сопруга на холивудскиот продуцент Харви Вајнстин, првпат проговори за магазинот „Вог“ за тоа како реагирала кога дознала дека нејзиниот сопруг злоупотребувал десетици жени.

 

Модната креаторка беше во брак со Вајнстин десет години, а последните шест месеци откако го напуштила не сакала да дава изјави за медиумите. Сега проговори за „Вог“ велејќи дека била „посрамена и скршена“.

„Еден дел од мене беше неверојатно наивен, очигледно многу, многу наивен“, вели таа и додава дека се вљубила во Харви затоа што бил харизматичен, паметен и хуман.

„Има моменти на бес, конфузија и неверување. А потоа едноставно плачам поради своите деца. Како ќе изгледаат нивните животи по ова? Што ќе зборуваат луѓето за нив?“.

Чепмен и Вајнстин имаат две ќерки – седумгодишната Индија и петгодишната Дешнел.

Ана Винтур, урегничката на „Вог“, застана во одбрана на Георгина велејќи дека ја познава од 2004 година и дека е сигурна оти таа не го знаела другото лице на својот сопруг.

Scroll to Top