По убиената снимателка Хачинс, Двејн Џонсон рече дека никогаш повеќе нема да користи вистинско оружје на снимањата

Американскиот глумец Двејн Џонсон рече дека никогаш повеќе нема да носи вистинско оружје на снимањата, по несреќата во која неговиот колега Алек Болдвин ја застрела снимателката Халина Хачинс на сетот на филмот „Рѓа“.

Тој во интервју за Variety рече дека бил скршен од веста и дека оваа трагедија ја поттикнала идејата во неговата продуцентска куќа Seven Buck Productions, во иднина никогаш повеќе да не се користи вистинско оружје за време на снимањата.

„Можам да зборувам само во мое име, но, без никаков сомнеж можам да ви кажам дека во сите филмови кои ќе ги работи мојата компанија, било да е тоа филм или сеирја, или нешто друго, нема да се користи вистинско оружје“, рече Џонсон.

 

Еден од најплатените глумци во светот дополни дека во иднина ќе се користат само пластични оружја и специјални ефекти, без разлика на трошокот.

За потсетување, глумецот Алек Болдвин на 21 октомври смртно ја рани снимателката Халина Хачинс, за време на снимањето на филмот „Рѓа“ во Ново Мексико. Тој користел пиштол реквизит, а не знаел дека во него има вистински куршуми. Во несреќата ранет беше и режисерот Џоел Соуза.

Џонсон и Болдвин се долгогодишни пријатели и двајцата се залагаа за покренување на нови протоколи и нови безбедносни мерки во филмската индустрија.

„Страшно е што мораше да се случи ова за да нешто се промени“, рече Џонсон.

Scroll to Top