Почина 27-годишна австралиска манекенка со хрватско потекло: од неа се прости и Донатела Версаче

Австралискиот модел со хрватско потекло Луси Марковиќ почина синоќа на 27-годишна возраст, објавија австралиските медиуми. Веста за нејзината смрт беше објавена на нејзиниот Инстаграм профил.

Луси Марковиќ беше добро познато лице на австралиската и меѓународната модна сцена, соработуваше со престижната агенција Elite NYC, беше модел за Версаче и работеше на кампањите на Викторија Бекам. Учествувала и во популарното телевизиско шоу Australia’s Next Top Model.

Со години, таа храбро се бореше со сериозна болест – артериовенска малформација (АВМ), заплеткување на крвните садови во мозокот што може сериозно да ја загрози функцијата на мозокот.

„Почитувани пријатели и семејство, со жалење мораме да ве информираме дека Луси почина. Таа почина мирно. Јас, нејзината мајка и мајка ми бевме со неа. Во овие моменти ве молиме да ни дадете простор, Луси нека почива во мир”, порачаа членовите на нејзиното семејство.

Од неа се простија и модната агенција на Луси и познатата дизајнерка Донатела Версаче. „Таа беше како светкава светлина, со одлична смисла за хумор. Сакаше да се смее и да танцува и многу ќе ни недостига“, се вели во соопштението на Elite NYC. „Многу ми е жал за Луси Марковиќ. Почивај во мир прекрасна девојко“, напиша Донатела Версаче.

Марковиќ минатиот месец на социјалните мрежи ја сподели веста дека оди на операција на почетокот на април. Тоа беше едно од нејзините последни јавни настапи.

Scroll to Top