Почина актерката Натали Делон, поранешна жена на Ален Делон

Француската актерка Натали Делон, почина на 79 години по долга и тешка борба со ракот. Веста за смртта на поранешната сопруга на Ален Делон ја соопшти нивниот син Антони.

„Мајка ми почина утрово во 11 часот во Париз, опкружена со семејството и пријателите“, рекол тој за француските медиуми.

Натали, која некогаш важеше за една од најубавите жени во светот, меѓународната слава ја стекна со улогата во филмот „Самурај“ (Le Samourai). Главната улога во тој филм ја игра Ален Делон, со кого Натали беше во брак од 1964 до 1969 година.

Scroll to Top