Почина американската пејачка и глумица Трејси Рене Брекстон

Американската глумица Трејси Рене Брекстон, сестра на популарната пејачка од деведесетите Тони Брекстон почина на 51 година. Таа почина од рак на хранопроводникот, а веста ја објави семејството. Сопругот Кевин Сурат рече дека со тешката болест се борела повеќе од година дена.

Од неа се простија и нејзините сестри.

„Таа беше силна светлина, прекрасна ќерка, сестра, мајка, жена, баба и почитувана глумица. Многу ќе ни несдотигаш“, рече Тони Брекстон.

За потсетување, Трејси беше позната по нејзините улоги во филмовите Chaaw и Sinners Wanted. Во деведесетите се обиде да изгради и музичка кариера, а најпозната беше со нејзината песна Last Call.

 

Scroll to Top