Глумецот Хенри Силва почина на 95 години. Тој почина во средата во Лос Анџелес во Motion Picture & Television Countri House, организација која нуди помош и грижа за лицата од филмската и телевизиска индустрија и нивните семејства со ограничени ресурси или без нив.
Во кариерата обично имаше улога на негативец, гангстер и криминалец, а една од неговите најголеми е кога го глумеше поранешниот одметник Џони Кул, кој стана убиец во мисија на одмазда да ги уништи непријателите на својот ментор.
Силва помина преку 50 години на екраните во повеќе од 130 филмски дела. Беше познат по неговата работа во филмовите Johnni Cool, Ocean’s Eleven и The Manchurian Candidate. Зад себе остави два сина, Скот и Мајкл.