Американскиот рапер Артис Лион Ајви Џуниор, познат и како Кулио, кој се прослави со суперхитот „Гангстерски рај“ (Gangsta’s Paradise), почина на 59 години. Веста ја објави неговиот менаџер Џерез Поси, кој го нашол онесвестен во домот на негов пријател во Лос Анџелс.
Иако официјално не е позната причината за смртта, некои од медиумите во САД пренесоа дека најверојатно станува збор за срцев удар.
Со музика почнал да се занимава во 80-тите години, а најпознат е по хип-хопот кој го сними „Гангстерски рај“ во 1995 година за филмот „Опасни умови“ со Мишел Фајфер. За оваа песна доби и Греми награда. Низ кариерата од четири децении сними осум албуми
Беше активен до самиот крај. Пред да почине беше на турнеја со неколкумина други ѕвезди од ’90-тите, како Ванила Ајс.