Почина Андре Леон Тали, првиот афроамерикански креативен директор на „Вог“

На 73 години почина Андре Леон Тали, моден новинар, стилист и поранешен креативен директор на „Вог“. Тој почина во болницата Вајт Плејнс од непозната болест, наведува ТМЗ.

Тали во 1988 година стана првиот афроамерикански креативен директор. Во изминатите пет децении беше меѓународна икона. Беше близок соработник на Ив Сен Лоран, Карл Лагерфелд, Палома Пикасо, Дајана фон Фурстенберг, Бетани Хардисон, Маноло Бланик и имаше склоност кон откривање, насочување и славење на младите дизајнери.

Тој беше десна рака на главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур. Во 1983 година се приклучи во списанието како директор за модни вести, а во 1995 година го напушти „Вог“  и се пресели во Париз, каде што работеше во магазинот „W“. По што се врати повторно во Вог“ како уредник, но во 2013 година ја напушти својата позиција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andre Leon Talley (@andreltalley)

Многумина пријатели, колеги, обожаватели и модни креатори, се простија од него. А меѓу нив беше и дизајнерката Дајана фон Фирстенберг.

„Збогум, драг Андре. Никој не го видел светот на погламурозен начин од тебе. Никој не беше повеличествен и имаше повеќе дух од тебе. Светот ќе биде помалку радосен. Те сакам и се смеам со тебе веќе 45 години Ми недостасува твојот гласен плач. Те сакам многу“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andre Leon Talley (@andreltalley)

Во 2018 година, беше снимен и објавен документарниот филм „The Gospel According to André“ за Тали. Две години подоцна, објави мемоари за неговиот живот и кариера под наслов „Шифонските ровови“, што го покажува неговиот подем во првите редови на модата. Во своите мемоари, тој зборуваше и за крајот на неговата работа во „Вог“.

Тали, исто така беше поранешен судија на „America’s Next Top Model“. Тој беше познат по својата облека која го привлекуваше вниманието и богатата кариера на раскрсницата на медиумскиот и модниот свет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andre Leon Talley (@andreltalley)

Scroll to Top