Почина Чак Мозли, пејачот на групата „Faith No More“

By

Поранешниот пејач на групата „Faith No More“, Чак Мозли почина на 57. годишна возраст.

Тој долго време се бореше со зависност од алкохол и дрога за на крајот да ја изгуби животната битка. Семејството на пејачот издаде соопштение за јавноста во кое ја потврди тажната вест.

„По долг период на трезвеност, Чарлс Хенри Мозли Трети ја изгуби животната битка“, соопшти семејството.

Последната музичка турнеја Мозли ја имаше минатата година.

Ќе ви се допадне