Минатата недела, на 14. јули почина данскиот карикатурист Курт Вестергард (86), познат по карикатурата на пророкот Мухамед која предизвика немири во некои муслимански земји, по долго боледување, пренесуваат данските медиуми.
Веста за неговата смрт ја соопшти неговото семејство.
Вестергард е автор на најпознатите 12 карикатури објавени на 30 септември 2005 година во данскиот конзервативен дневен весник јуландс-постен под наслов „Лицето на Мухамед, каде пророкот е прикажан со турбан во форма на бомба.
На почетокот од 2010 година данската полиција уапси 28-годишен Сомалиеца вооружен со нож во куќата на Вестергард, кој планирал да го убие карикатуристот.
Насилството поврзано со карикатурите кулминираше во 2015 година за време на нападот врз францускиот сатиричен неделник Шарли Ебдо во Париз, кога беа убиени 12 вработени, а истите беа повторно објавени од страна на неделникот во 2020 година.
Во текот на последните години од својот живот, Вестергард, како и многу други автори на случни сатирични карикатури, мораше да живее под постојана полициска заштита и на тајна адреса.